Дали исламот има проблем со насилството? И зошто текстовите во Куранот кои повикуваат на насилство во минатото не доведуваа до тероризам така, како денес? Можеби затоа што бомбашите-џихадисти немаат ништо заедничко со исламската традиција- пишува DW
При нападите во Париз и Брисел терористите убија неселективно невини луѓе. Со варварските дела тие дискредитира една светска религија. Џихадистите се повикуваат на исламот и ги оправдуваат убиствата со Куранот. Тоа е неприфатливо за мирното мнозинство од 98 проценти од вкупно 1,6 милијарди муслимани, бидејќи се создава впечаток дека исламот има проблем со насилството.
Критичарите на исламот и големи делови од западната јавност му припишуваат на исламот принципиелно воинствен карактер. Тие се потпираат на текстови од Куранот кои ги повикуваат муслиманите да ги убиваат неверниците. Работите не се толку едноставни. Теолозите се согласуваат дека исламот, во својата основа, не содржи повеќе повици за легитимација на насилството, отколку Библијата. “Повиците за насилството во Куранот не се единствени. Јудејството и христијанството исто така познаваат слични текстови”, вели исламологот од Фондацијата Конрад Аденауер Томас Фолк.
Исланд против туристите
Писмата на трите монотеистички религии содржат текстови кои се вознемирувачки за современиот читател, бидејќи воспеваат насилството, содржат претензии за супериорност во однос на друговерците и прповедаат омраза против жените. Само повикувањето на овие проблематични строфи од Куранот не може да дадат објаснување зошто млади мажи, опседнати од насилство, се повикуваат на Куранот – во Сирија, Ирак, Брисел или Париз. Зошто насилните строфи кои се во Куранот или различните Сури од пред 1 400 години, не доведоа во минатото до тероризам? И зошто тоа се случува сега?
Историскиот контекст
Професорот по прашањата на културата и исламското општество на Универзитетот во Франкфурт Беким Агај нагласува дека Куранот настанал при сосема различни од сегашните историски услови. “Своевремено војната, а не мир меѓу клановите, народите и империите, била нормална состојба на работите. Религијата навлезе во сите сфери на животот, па државата, општеството, војната и мирот требало да бидат религиозно оправдани”, вели тој.

Дебатата за често конфликтните текстови во Куранот за насилството и ненасилство има долга традиција. “Исламската традиција одамна прави разлика помеѓу историската оправданоста на даден текст и неговата современа димензија. Целта на оваа дебата е да ги надополни текстовите и да направи разлика помеѓу легитимното и нелегитимни насилство. И цитатите, извадени од контекст, се туѓи на оваа традиција”, вели Беким Агај. Затоа и долго време контроверзните текстови можеа да бидат така балансирани такашто да бидат погрешно разбрани – како легитимација за употреба на насилство.
Кои стануваат џихадисти?
Денес политичките и културните претпоставки се сосема други. Во времето на глобализацијата екстремистите вадат проблематични пасуси од вкупниот контекст. Џихад бомбашите немаат ништо заедничко со исламската традиција. Повеќето од нив се религиозно неписмени луѓе. Тие го претстават своето насилство како архаично, но исламскиот тероризам е современ феномен. Кон тоа се додава и фактот дека под впечаток од тензиите во арапскиот свет – од Сирија до Египет, и од Јемен до Мароко – религијата се политизира. И сунитските духовници не можат да се спротистават на ништо суштинско на овој развој. Претставниците на сунитскиот ислам се дистанцираат од теророт, но тие немаат ниту морална сила, ниту доволна компетентност, за да водат значаен спор со политизираната религија. Тие се дисквалификувани морално, бидејќи не велат и збор за неуспехот на политичката класа во нивните земји.

“На теолошки план духовниците на сунитскиот ислам не ја разликуваат последователно својата религија од злоупотребата на неа од страна на екстремистите. Само критичен пристап кон сопствената традиција може да промени нешто суштинско. Но кој што ќе се осмелува да направи таков чекор, многу брзо бива прогласуван за еретик” , вели Томас Фолк.
Критичниот пристап = ерес
Не е доволно само да се апстрахираат од проблематично пасуси, како што го прават повеќето муслимани за кои верата е нешто како инструкција за мирен и конструктивен начин на живот. Муслиманите треба да ги интерпретираат критично своите свети списи и да ги толкуваат спорните текстови во Куранот.
За тоа сепак, во арапскиот свет во моментов, недостасуваат потребните духовни простори. Само теолошкото спротивставување со вознемирувачките пасуси во Куранот може да помогне за отстранување на сите интерпретации, турбините на еден радикален ислам “, вели уште ислламологот Томас Фолк.
