Единствените луѓе во светот кои можат да патуваат насекаде во светот без пасош се британскиот монарх и јапонската империјална двојка.
Британскиот крал Чарлс III не е обврзан да носи пасош кога патува во странство. Оваа привилегија претходно ја имаше кралицата Елизабета Втора, која Чарлс ја наследи на тронот. Таа привилегија важи само за кралот или кралицата, додека не се однесува на другите членови на кралското семејство. Ова важи и за кралицата Камила, која мора да има дипломатски пасош со себе кога патува во странство.
Јапонскиот император Нарухито и царицата Масако се единствените во светот кои ја уживаат истата привилегија како Чарлс III.
На 10 мај 1971 година, јапонската влада издаде документ во кој се наведува дека би било крајно несоодветно да се издава пасош за императорот или царицата. Во документот, исто така, се додава дека би било крајно несоодветно за царот да се подложи на имиграциски или визни процедури, користејќи пасош како обичен граѓанин. Исто така, ваквото право важи само за царот и царицата, додека дипломатски пасоши се издаваат на другите членови на царското семејство.
-Кога ќе пристигнат во која било земја, императорот и царицата на Јапонија треба само да покажат документ од локалното министерство што ја известува земјата домаќин однапред за нивното пристигнување, пишува „CNBC TV18“.
Во случајот со Чарлс III, таа должност му била доверена на неговиот личен секретар, Сер Клајв Алдертон, кој од 2006 година е еден од најдоверливите и најомилените советници на кралот и кралицата.