Само во изминатата седмица, во општина Центар санкционирани 158 непрописно паркирани возачи

304 прегледи

Само во текот на изминатата седмица, Пајак службата санкционирала вкупно 158 непрописмо паркирани возила.

Според информациите од  ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ отстранети се 88 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 70 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар најавуваат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар

Слични содржини