Во последните 24 часа, во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 31 пациент поради компликации од коронавирусот, додека 479 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Според извештајот на Министерството за здравство, во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 15 приеми, додека дома се пуштени 14 оздравени пациенти.
Голем дел од 479 те потврдени и сомнителни за КОВИД- 19, кои се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град, се на кислородна поддршка.
815 новозаразени од коронавирус, 20 починати лица
Од министерството за здравство посочуваат дека утрово до 8 часот имало 40 тина слободни места на инфективните одделенија и оти имаат довод на кислород како и дека можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.