Амбасадорката Олга Макејева и министерката за надворешни работи Наталија Никорова изјавија за новинарите дека дипломатите кои ја претставуваат ДНР веќе добиле „огромен број“ барања од граѓани кои сакаат да се решат нивните проблеми, пренесе рускиот весник „Комерсант“.
Самопрогласената Доњецка Народна Република отвори амбасада во Русија.
Русија ги призна самопрогласените Доњецка и Луганска Народна Република, лоцирани во регионот Донбас во источна Украина, на 21 февруари, три дена пред да ја започне својата инвазија на Украина.
Отворањето на амбасадата на ДНР во Москва, како што јави Си-Ен-Ен, се одржа без присуство на ниту еден висок руски функционер.
„Не можеме да славиме овде додека нашите сонародници умираат“, рече Макејева.
Дипломатите, исто така, планираат да „дадат вистинити информации за настаните во ДНР“ и да го зголемат бројот на земји кои ќе ја признаат нејзината независност, наведува „Комерсант“.
Сирија е единствената земја по Русија која официјално ја признава ДНР. Според Никорова, во моментов се водат разговори за признавање со Северна Кореја.
Макејева изјави дека нејзиниот персонал од 20 луѓе освен што ќе работи со граѓаните, ќе се занимава и со политички прашања.
„Мораме да работиме со дипломатските претставништва кои се во Москва. Но, ние исто така треба да обезбедиме вистинити информации за тоа што се случува во ДНР и, се разбира, да ја промениме надворешната политика на ДНР во Русија“, рече Макејева.