Претседателот на мобилниот одел на Samsung, Ди Џеј Кох објави пред претставниците на печатот на мобилниот конгрес во Барселона, сподели дека следната верзија на гласовниот асистент Bixby можеби ќе е подготвена уште во август. Токму во овој период се очекува и објавувањето на следното издание на серијата Galaxy Note, па е сосема можно преработениот Bixby 2.0 да дебитира токму со фаблетот.
Како што е познато, за Galaxy S9 Bixby доби нова функционалност и веќе може да препознава храна, да дава информации за хранливите вредности на производите, има нови функции со додадена реалност и говорни инструкции околу поставките на телефонот.
Според Кох првата верзија на Bixby била насочена кон брзото пуштање на пазарот, а 2.0 ќе биде фокусиран на проширувањето на екосистемот.
Samsung уште од декември прифаќа апликации за асистентот во посебна бета програма во која досега се вклучиле над 800 компании. Bixby 2.0 ќе биде насочен во голема мера и кон паметните домашни апарати, а паметните телевизори на Samsung ќе го вклучуваат асистентот уште од следниот месец.