Samsung Galaxy Ring 2 би можел да биде изненадување

од Vladimir Zorba
133 прегледи

Samsung првпат го објави својот Galaxy Ring за време на настанот Unpacked во јануари оваа година, кога ја претстави серијата на телефони Galaxy S24. Прстенот потоа беше прикажан за време на MWC во февруари, за да биде лансиран во јули.

Претходно имаше гласини дека Galaxy Ring 2 ќе пристигне порано од неговиот претходник, а сега нов извештај некако го потврдува тоа.

Се тврди дека Galaxy Ring 2 официјално ќе биде претставен на 22 јануари, заедно со серијата на телефони Galaxy S25 на Samsung. За време на истиот настан, јужнокорејската компанија треба да ги покаже своите први XR слушалки.

Galaxy Ring 2 би требало да има две дополнителни големини, а наводно Samsung се одлучил на овој потег за прстенот да биде достоен конкурент на прстените Oura.

Што се однесува до карактеристиките, Galaxy Ring 2 ќе понуди попрецизни сензори за здравствени параметри и подобрени функции за вештачка интелигенција. Траењето на батеријата треба да биде до седум дена за сите големини.

Слични содржини