Веќе знаеме дека Samsung ќе го претстави смартфонот Galaxy S7 на 21 февруари, но досега се чуваше во тајност дека моделот ќе располага со 360-степенска камера, пишува “Индипендент”.
Вебсајтот SamMobile тврди дека компанијата потврдила дека ќе го пушти моделот со Gear 360, видео камера која може да фати 360-степенски кадри одеднаш. Според SamMobile камерата ќе биде компатибилна со S7 преку Bluetooth. Камерата е вградена во струја, па нема потреба од долги кабли.
Повеќето фотоапарати со 360-степени камери во моментов чинат стотици па дури и илјадници фунти. Моделите достапни за обичните корисници се малку поевтини, но сите тие се прилично ограничени од аспект на резолуцијата на сликата и времетраењето на снимање.
Дали Gear 360 ќе биде успешна стратегија, во голема мерка зависи од цената, која се уште не е откриена. Се очекува телефонот да биде претставен на светскиот мобилен конгрес во Барселона на 21 февруари.