Samsung Galaxy S9 Active може да понуди батерија од 4000 mAh

од Vladimir Zorba
336 прегледи

Информациите за новиот Samsung уред со шифра на производот SM-G893 се појавија на Интернет.

Следејќи ја логиката на корејската компанија во користењето кодови и именувањето на производите, тоа треба да биде Galaxy S9 Active.

Објавените спецификации, кои вклучуваат процесор Snapdragon 845, 5.8-инчен дисплеј со резолуција 2960×1440 и двојна камера со 12- и 8-мегапиксели сензори, исто водат до овој заклучок.

Најинтересен дел од спецификациите во овој случај е батеријата со капацитет од 4000 mAh. Samsung ја користеше истата батерија во минатогодишното Active издание на својот предводник.

Слични содржини