Јужнокорејската корпорација “Самсунг” постигна договор за стекнување на американската компанија “Вив лабс”, која развива програми за вештачка интелигенција, пишува електронското издание на “Волстрит џурнал”.
“Вив лабс” е стартaп, основан од креаторот на гласовниот асистент “Сири”, кој во 2010 година беше купен од страна на корпорацијата “Епл” и од тогаш е инсталиран на нејзините електронски уреди.
“Вив лабс” разви друг гласовен програмски асистент под името “Вив”. Тој ќе биде претставен на јавноста оваа година. Технолошкиот директор на филијалата за мобилни уреди на “Самсунг” Инџон ри изјави дека корпорацијата има намера да го инсталира “Вив” на своите смартфони од втората половина на следната година.
Вредноста на зделката не се изнесе. Според еден од основачите на “Вив лабс” Даг Китлаус главната предност на “Вив” пред “Сири” и други апликации од ваков тип е откритиениот изворен код. Тој им овозможува на програмерите слободно да ги внесуваат во програмата саканите промени.
Китлаус додаде дека ако “Сири” може да се пофали само со “неколку десетици” можности, тогаш “Вив” ќе им понуди на корисниците “стотици илјади” различни функции.