„Самсунг” ќе го претстави „Galaxy S7” овој месец

од Vladimir Zorba
94 прегледи

“Самсунг” го откри датумот на презентацијата на новиот смартфон “Galaxy S7”, пишува “Индипендент”.4633159

Ова ќе се случи кон крајот на овој месец. Компанијата подели покани за настан, наречен “Unpacked” (“Неотпакуван”), кој ќе се одржи на 21 февруари во Барселона. Исто како лани, “Самсунг” ќе го покажат “S7” малку пред саемот “Mobile World Congress”, кој се состои во каталонската престолнина меѓу 22 и 25 февруари.

Заедно со поканите за “Unpacked” до медиумите, од корејската компанија пуштија и видео во “YouTube”, што покажува мистериозна црна кутија и маж кој ги става очилата за виртуелна реалност “Gear VR”. Ова укажува дека настанот може да вклучува и новина поврзана со оваа технолошка линија.

Настанот на 21 февруари започнува во 20.00 часот. До моментов нема официјална информација или слики на S7, но според повеќето гласини тој ќе личи на S6. Некои очекувани надградби се вклучувањето на слот за Micro SD картичка, заштита од влез на вода и прашина, издржлива батерија и подобар процесор.

Новиот главен производ на најголемиот конкурент на “Самсунг” во сферата на паметните телефони “iPhone 7” на “Епл”, не се очекува да се појави до есен.