Samsung патентира летечки дрон-таблет, управуван со поглед

од Vladimir Zorba
257 прегледи

Нов патент на Samsung опишува летечки уред – комбинација од дрон и таблет, управуван со поглед, станува јасно од барање на компанијата во американското биро за патенти и трговски марки (USPTO), за кое пишува The Verge.

Документот опишува попрецизно квадрокоптер со екран и четири пропелери во секој агол. Уредот може да препознае лице, гестови и позиција на рака. Во прилог, дронот е опремен со GPS модул и систем за позиционирање на база Wi-Fi, жироскоп и акселерометарски сензор за движење и функција за препознавање на глас.

За уредот се вели дека може да го промени својот агол на наклон за време на летот, прилагодувајќи се на гледна точка на корисникот.

Во една од варијантите, беспилотниот апарат може да има ротациони ротори кои му овозможуваат да се ротира од хоризонтална до речиси вертикална положба. При втората варијанта на конструкцијата, рамката на дронот останува во хоризонтална положба и само екранот се ротира.

Дроновите главно се користат за снимки од високи позиции, но се повеќе и повеќе компании сакаат да испорачаат стоки со овие уреди. Затоа, ИТ лидерите како Samsung почнуваат да развиваат нови решенија за интеракција меѓу квадрикоптерите со луѓе.

Слични содржини