Samsung има патентирано неколку нови дизајни за паметни телефони кои се многу интересни. На скиците на првиот патент се гледа „исечен“ дисплеј, кој станува се помодерен, што пак најверојатно значи дека и Корејците нема да одолеат на искушението да пуштат сличен модел во блиска иднина. Според патентот, тој дел е предвиден за камерата, звучникот и сензорот за близина.
Стариот документ на SIPO е значително поинтересен и покажува уред без рамки. За жал, од сликите не станува јасно како Samsung планираат да го решат проблемот со сензорите, камерата за селфи, микрофонот и звучникот. Секако, ова можеби не е паметен телефон, туку нов вид на заштита на дисплејот. Треба да се има на ум дека станува збор само за патенти на дизајни кои можат и никогаш да не бидат реализирани како вистински производи.