Samsung проглaсен за водечки производител на телевизиски технологии

од Vladimir Zorba
316 прегледи

Според резултатите од истражувањето на глобалниот пазар кое го спроведе компанијата Омдија, Samsung Electronics ја задржа титулата водечки производител на телевизиски технологии, веќе петнаесетта година по ред. Најновите податоци покажуваат дека компанијата Samsung остварила 31,8 проценти удел на глобалниот пазар на телевизори во четвртиот квартал во 2020 година, што е приближно со годишниот удел на пазарот минатата година од 31,9 проценти.

Водечките позиции на пазарот допринесоа за иновации за супериорно визуелно искуство, проширување на QLED линијата на телевизори, водечки решенија во областа на ултра-широки технологии за екрани од 75 инчи и повеќе, претставување и проширување на Lifestyle портфолиото, како и досега невидени технологии на пазарот создадени од компанијата.

„На корисниците им е потребен разноврсен телевизор кој ги обезбедува сите можности за забава, поврзување со најблиски, работа, тренинг и оржување на кондиција, но и многу повеќе од тоа. Многу сме горди на довербата што корисниците ја имаат во нас и на нашите технологии, што се главниот двигател на мисијата за создавање неверојатни иновации и решенија кои ги задоволуваат сите потреби на корисниците од модерната ера.“, рече Jong-hee Han, претседател на одделот за визуелно работење во компанијата Samsung Electronics.

Во 2021 година, Samsung очекува да ја задржи титулата водечки производител на телевизори воведувајќи нови иновации во овој сегмент, како и вметнувајќи технологии специфични за оредените модели преку сите достапни серии. Големиот фокус ќе биде кон проширување на можностите на најновите Neo QLED серии на телевизори, како и Micro LED и Lifestyle моделите преку долгорочни програми за развој. Во наредните години, Samsung исто така ќе продолжи да инвестира во R&D секторот и други клучни производи, за да се зајакне јадрото на технолошката понуда на компанијата.

Слични содржини