Samsung развива паметни очила со името Galaxy Glass

од Vladimir Zorba
152 прегледи

Samsung развиваат нова генерација паметни очила. Компанијата дури веќе поднесе документи за патентирање на дизајнот и логото за сличен уред. Информациите ги опишуваат очила, кои функционираат како мини компјутер и му асистираат на нивниот сопственик, кои фотографираат и проектираат слики пред нивните очи. Идејата на Samsung е да претстави на пазарот паметни очила, кои се елегантни и поудобни за носење од Google Glass и нудат уште повеќе можности, пренесоа Pocket-Lint.

Потсетуваме дека уште минатата година се појави информација дека компанијата развива таков производ. Според некои аналитичари името на очилата е Galaxy Glass. Сегашниот патент е поврзан со сличен уред кој ќе биде наменет за корисниците со проблеми со видот. Паметните очила на Samsung ќе можат да се користат непречено и од корисниците, кои носат контактни леќи. Засега, сепак немаме никакви детали за нивните технички карактеристики.

Логото на претстојниот производ се појави на интернет, што е уште еден доказ за желбата на Samsung да пушти сличен уред на пазарот. Големиот проблем со овој вид на гаџети е нивната многу висока цена. Компанијата ќе мора да се справи со овој недостаток ако сака да го претвори Galaxy Glass во хит меѓу потрошувачите. Паметните очила се само дел од огромната стратегија на Samsung за да станат повлијателни во промовирањето на платформата Интернет на нештата.

Слични содржини