San Lorenzo Village неверојатно, луксузен концепт за хедонисти

од Vladimir Zorba
664 прегледи

Големата македонска инвестиција, годинава Истра во Хрватска, ќе ја збогати  со луксузен и многу особен проект – одморалиште и недвижнини. Станува збор за  San Lorenzo Village (Сан Лоренцо Вилиџ), комплекс лоциран на северниот хрватски морски брег.

Ова парче на луксуз создаден за хедонисти ќе има 21 луксузнa вилa и 16 супер луксузни станбени апартмани.

Инвестицијата на Малиќи Груп во Хрватска која чини повеќе од 30 милиони евра е една од поуспешните проекти во оваа индустрија, по тие на оваа групација во Косово и Македонија.

Луксузни домови идеално лоцирани, на само 50-тина метри од брегот на Јадранско море кои овозможуваат непречен пристап до морето и сончеви зраци во текот на целата година.

Покрај сите задоволства, најсовремен спа и велнес центар, фитнес центар и убави и модерни градби целосната грижа за имотот на овој станбен комплекс е препуштена на професионалци.

-Ништо без убав поглед кон морето и базени во градините на резиденциите, опкружени со Јадран. Нашата посветеност веќе ја докажавме со инвестиции како што се Park Residence, Premium Residence, Парк Хотел и Спа и Cactus Construction во Скопје, потоа и преку партнеството со Marigona Hill во Приштина, вели инвеститорот Албан Малиќи од Малиќи груп.

Тој додава дека високите стандарди и квалитет на градба во San Lorenzo Village ќе овозможат претопување во средината, а од друга страна пак обезбедуваат приватност, луксуз и мир – објаснува Малиќи.

Апартманите се модерни, со отворени прозорци и поглед кон морето.

Секоја куќа и стан се внимателно дизајнирани со акцент на квалитетот и елеганцијата. Опкружен со море  San Lorenzo Village, според најавите, ќе биде идеална локација за хедонисти. Голема предност е добрата инфраструктурна поврзаност со градовите и населените места, во близина има неколку аеродроми..

Во најблиското соседство е стариот град Умаг, познат по тартуфите и виното и по многуте можности за активни одмори, од нуркање и едрење до пешачки патеки.

За повеќе информации, посетете ја веб-страницата San Lorenzo Village.

San Lorenzo Village е дел од инвестициите на Малиќи груп во соработка со познати инвеститори  специјализирани за изградба и уредување луксузни имоти.  Во своето повеќе  повеќегодишно работење на македонскиот и косовскиот пазар Малиќи груп изгради неколку стотици илјади квадратни метри станбен и деловен простор и изгради репутација на доверлив, безбеден и баран партнер во областа на градежното инженерство и инвестициите. Ова е прва инвестиција на групацијата Малиќи во Хрватска, но во план се и други инвестиции.

 

Слични содржини