Жупанискиот суд во Загреб денес ја продолжи расправата за недвижнините кои се понудени како залог за поранешниот премиер на Хрватска Иво Санадер и ја прифати кауцијата.

download (2)
Судот ја прифати кауцијата, но дури по неколку дена ќе се знае дали ќе излезе од затвор. Прво, сите страни мораат да ја добијат писмената одлука,па имаат три дена за жалба.Се очекува на оваа одлука жалба да упати обвинителството.

-„Ние сметаме дека недвижнините се недоволни. Едната е нелегална. Ја спориме и вредноста на друга недвижнина.“-изјавија од обвинителството.

Адвокатите на Санадер одбија да разговараат со новинарите. Кауцијата која ја понуди Санадер е во вредност од 12,4 милиони куни.

Слични содржини