Санчез славеше со ѕвезди: Моминска забава пред венчавката со Безос

од Љубиша Владимиров
713 прегледи

Лорен Санчез, вереничката на милијардерот Џеф Безос, неодамна прослави гламурозна моминска забава во романтичниот Париз. Атмосферата беше весела и полна со ѕвездена енергија, а Санчез на социјалните мрежи откри дел од забавата и листата на поканети гости. Меѓу познатите лица што присуствуваа беа Ким Кардашијан, нејзината мајка Крис Џенер и пејачката Кети Пери.

Забавата ја збогатија и блиските пријателки и соработнички на Санчез – Лидија Кивес, Чариса Томпсон, Вероника Грејзер, Елса Колинс, Наташа Пунавала и други.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lauren Sanchez (@laurenwsanchez)

„Засекогаш започнува со пријателство – опкружена со жени кои ме креваат, ми го осветлуваат патот во темни времиња и ми го топлат срцето“, напиша Санчез во описот на фотографиите од забавата.

Според американските медиуми, Санчез и Безос ќе се венчаат следниот месец на еден остров во Венеција. Свадбата ќе биде интимна, но со околу 200 гости, меѓу кои се очекуваат семејствата Кардашијан и Џенер, Кети Пери со нејзиниот вереник Орландо Блум, актерот Леонардо Дикаприо, како и Иванка Трамп и Џаред Кушнер. Љубовната приказна на Санчез и Безос започна во 2019 година, а парот се вери во мај 2023 година.

Безос ѝ ја побара раката на Санчез на неговата луксузна јахта вредна 500 милиони долари. Претходно, Безос беше во брак со филантропката Макензи Скот, додека Санчез беше во врска со Патрик Вајтсел, од кого исто така се раздели.

Слични содржини