Сандра Булок ја бакнала Мерил Стрип во уста, па објасни дека тоа е одмазда (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
382 прегледи

Актерката Сандра Булок важи за една од најатрактивните жени на светот, а освен со својот изглед често привлекува внимание и со своите постапки и со ставовите кои ги искажува.

Таа никогаш не се двоумела да го каже она што го мисли, а често „помалку убавите работи ги претвора во шега“.

Така таа започна лавина од коментари кога на доделувањето на MTV наградите ја бакна во уста колешката Скарлет Јохансон.

Скарлет тоа го прифатила со насмевка, но изгледа дека Сандра уживала во бакнување жени, а истата година ја бакнала и колешката Мерил Стрип.

Имено, Сандра и Мерил беа номинирани во категоријата за најдобра актерка за наградата „Critics’ Choice“.

За време на доделувањето на наградите Булок ja бакна во уста постарата колешка, а подоцна објасни зошто го направила тоа.

„Добив саксија со три мртви орхидеи и картичка на која пишуваше ‘Умри кучко. Со љубов, Мерил’. Цело време ме предизвикуваше“, започна Сандра осврнувајќи се на атмосферата пред доделувањето на наградата.

Бидејќи не знаела како да ѝ се одмазди, одлучила на сцената да ја бакне во уста.

„Кој не би сакал да ја бакне Мерил? Планирав да ја понижам убивајќи ја со бакнежи. На фотографијата изгледаше како да се обидувам да ја изедам“, објасни еднаш Сандра Булок.

Слични содржини