Санду го покани Бајден да ја посети Молдавија, бара поголема поддршка

од Vladimir Zorba
131 прегледи

Претседателката на Молдавија Маја Санду соопшти дека на вчерашната средба во Варшава го поканила американскиот претседател Џозеф Бајден да ја посети нејзината земја.

„Ја искористив можноста што ми ја даде собирот во Варшава да му кажам на претседателот Бајден дека во сегашната сложена ситуација, кога беснее војна на границата со Молдавија, ни треба уште поголема поддршка од САД“, напиша Санду на Фејсбук.

Претседателката на Молдавија додаде дека го поканила американскиот претседател да ја посети Молдавија, но не кажа како Бајден одговорил, пренесува Ројтерс.

Слични содржини