Саниран коловозот на булеварот ВМРО каде што пропадна дел од асфалтот

од Nikola Popovski
233 прегледи

Екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта“ по налог на Град Скопје денеска го санирале оштетувањето на коловозот на булеварот ВМРО, каде што во текот на вчерашниот ден пропаднал дел од асфалтот.

Во текот на изминатата ноќ екипите на ЈП „Водовод и канализација“ утврдиле дека станува збор за стара водоводна мрежа која се користела за наводнување на парковите и ја извршија потребна интервенција со отстранување на дефектот.

Од ЈП „Улици и патишта“ санирањето на коловозот денеска го извршиле со поставување тампонски слој и нов асфалт.

Слични содржини