Санкт Петербург ja oтвора сезоната на фонтаните

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Сезоната на фонтаните беше отворена денеска во Санкт Петербург, Русија, соопшти водоводната компанија на северниот руски град.54611

Прв ќе проработи “Шар” (топка) на Невски проспект, а потоа фонтаната на Манежниот плоштад. Овие фонтани ја отвораат сезоната во Санкт Петербург за петта година по ред.

Традицијата нема да биде нарушена и оваа година, иако фонтаната “Шар” треба да биде главно санирана. Тоа ќе се случи кон крајот на летото, според компанијата “Петербургски водоканал”.

До крајот на април ќе започнат со работа неколку десетици фонтани, а во пресрет на 9 мај, кој во Русија се забележува како голем празник – Денот на победата против нацистичка Германија, почнуваат со работа големите комплекси со водни фигури, светлина и звук.

 Во оваа сезона во Петербург ќе работат 45 фонтани. Локалната водоводна компанија одржува вкупно 85 објекти од овој вид, пишува РИА “Новости”.