Сара Џесика Паркер ги покажа ќерките, кои папараците не смееја да ги фотографираат (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
423 прегледи

По повод премиерата на новиот филм, популарната актерка Сара Џесика Паркер во јавноста се појави со ќерките и сопругот.

Сара Џесика Паркер и нејзините колешки Бет Мидлер и Кети Наџими ги оживеаја познатите сестри Сандерсон од култниот филм „Hocus Pocus“ кој го снимија во 1993 година, а сега публиката ќе има можност да ги види речиси 30 години подоцна.

На премиерата, која беше организирана по овој повод, актерката ги воодушеви сите кога се појави рака под рака со својот сопруг, актерот Метју Бродерик, како и со ќерките Марион и Табита.

Сара и Метју ретко ги покажуваат своите деца во јавност, а на почетокот тоа беше една од причините зошто живеат во Њујорк, а не во Лос Анџелес, како повеќето актери. Долго време на папараците строго им беше забрането да ги фотографираат ќерките, бидејќи на тој начин сакаа на своите деца да им обезбедат детство кое нема да го трпи товарот на нивната популарност.

Девојчињата сега имаат 13 години, а познато е дека актерската двојка ги добила со помош на сурогат мајка. Покрај нив тие го имаат и синот Џејмс кој има 19 години.

Слични содржини