Сара Џесика Паркер го сака Хју Грант во продолжението на „Сексот и градот“

од Stefanija Kuzmanovska
401 прегледи

Хју Грант е познат како главен актер во некои од најомилените романтични комедии на сите времиња, па не е изненадувачки што неговата колешка Сара Џесика Паркер ја посака оваа 60-годишна sвезда во новите продолженија на култната серија на ХБО „Секс и градот“.

Според последните наводи на странските медиуми, Паркер очајно бара голема машка sвезда, а британскиот актер е на врвот на нејзината листа на желби за да игра во серијата, со што ќе се олесни отсуството на ликот Саманта Џонс, која ја игра Ким Катрал.

Покрај тоа, се чини дека Крис Нот не се враќа во улогата на г-дин Биг. Па сега, Паркер, наводно, се обидува да го убеди Грант да се приклучи на екипата, поради нивните претходни успешни соработки на неколку проекти.

„Сара Џесика сфати дека ѝ треба голема, навистина голема машка sвезда да се приклучи на обединувањето на составотна „Сексот и градот“ за да помогне во ублажување на отсуството на Ким Катрал, и потенцијално на Крис Нот, со кој сè уште се преговара за враќањето и чија специфична улога сè уште се дискутира“, изјави извор близок на актерката, пренесува „Мирор“.

Слични содржини