Сара Џесика паркер со новата колекција чевли ѝ оддаде почит на Кери Бредшо

417 прегледи

Сара Џесика Паркер се уште живее во својот лик на Кери Бредшо кој го отелотвори во серијата Сексот и градот, што го потврди и со својата нова колекција чевли.

Нејзината најнова линија воодушеви многумина, но и поттикна носталгија за легендарната серија во која чевлите кои ги носела актерката често беа главни ѕвезди на епизодата.

https://www.instagram.com/p/B89C_sslcuD/?utm_source=ig_embed

Во соработка со Инстаграм профилот Every outfit on Sex and the City, Паркер осмислила пар сандали каде едната е во жолта, а другата во розева боја.

Различните чевли Паркер ги носеше во серија и со тоа поткрена еден тогаш, потполно нов тренд. Иако, парот кој го носеше во серијата беше со потпис ла Christian Louboutin, актерката и дизајнерка сега им овозможува на сите да „прошетаат во чевлите на Кери Бредшо“ со оглед на тоа дека нејзиниот бред е далеку поповолен од луксузните лубутонки.

https://www.instagram.com/p/BzJVynWAtmY/?utm_source=ig_embed

Оваа вест ги воодушеви нејзините следачи кои веднат поитаа да ги купат чевлите. Инаку, нивната цена е 385 долари.

Слични содржини