308
Петрит Сарачини, во емисијата Топ Тема на Телма вели дека предлог законот за воведување на етничка графа во личните карти ќе им ги разјасни дилемите на Македонците во врска со тоа дали се брише или пишува нивниот народ.
-Јас лично сметам дека Македонија со овој предлог ќе добие многу и дека Македонците конечно ќе ги решат дилемите дали се пишува или брише македонскиот народ бидејќи веќе некој три години го лажеше дека со Преспанскиот договор се брише македонскиот народ. Овој предлог на Македонците им нуди да се пишат кои се и што се, Албанците во оваа ситуација не ги гледајте бидејќи тие веќе се бележани, вели Сарачини.