Сари ја одби понудата да биде менаџер на Нотингем Форест

од Симе Стоиков

Италијанскиот тренер Маурицио Сари го одби тригодишниот договор што му го понуди Нотингем Форест по заминувањето од Лацио.

Сари даде отказ на 13 март по серија од четири порази во сите натпреварувања и практично е слободен, бидејќи би можел да го прекине договорот со Лацио со заедничка согласност.

Како што пренесува Sportitalia, неколку дена по заминувањето од римскиот клуб, челниците на Нотингем Форест стапиле во контакт со претставниците на 65-годишниот тренер и го прашале дали е заинтересиран веднаш да го преземе тимот.

Раководството на премиерлигашот беше подготвено да му понуди тригодишен договор на Сари со ветување за засилувања во летниот преоден рок.

Сари не беше заинтересиран бидејќи сака да направи пауза од неколку месеци пред да одлучи за понатамошна обврска, се додава во извештајот. Се шпекулираше и дека Сари би можел да ја преземе Фиорентина.

Слични содржини