Саркози ќе бара правда и пред Европскиот суд за човекови права

од Stefanija Kuzmanovska
346 прегледи

Поранешниот претседател на Франција Никола Саркози изјави денеска дека е подготвен да побара правда и од Европскиот суд за човекови права, како и дека ќе ја докаже својата невиност.

Ова е прва јавна реакција на Саркози откако беше осуден за корупција.

„Поднесов жалба за пресудата, можеби ќе морам да го изнесам ова прашање дури и пред Европскиот суд за човекови права”, изјави Саркози за „Фигаро“.

Тој рече дека за него ќе биде болно да ја тужи сопствената држава.

„Но, јас сум подготвен на тоа, бидејќи тоа ќе биде цената на демократијата“, рече Саркози, додавајќи дека нема да се кандидира за претседател во 2022 година, но ќе поддржи кандидат во догледно време.

Слични содржини