Саркози ќе поднесе жалба на пресудата: „Одлучен е да ја докаже својата невиност“

од Stefanija Kuzmanovska
383 прегледи

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе поднесе жалба на пресудата според која тој денес беше осуден на затворска казна за корупција, изјави адвокатот на одбраната на Саркози, Жаклин Лафон.

Судот во Париз денес го прогласи Саркози за виновен за корупција и тргување со влијание и го осуди на една година затвор и уште две години условна казна затвор.

Бранителката ја оцени пресудата како „исклучително тешка“ и „целосно неоснована и неоправдана“. Таа додаде дека Саркози е „мирен, но одлучен да ја докаже својата невиност“.

Пред Саркози, чие судење се смета за преседан во Франција, уште еден претседател се соочи со судење по напуштањето на функцијата: Жак Ширак за проневера, но не за време на неговото претседателствување, туку порано, додека беше градоначалник на Париз.

Слични содржини