Веднаш треба да објавиме тотална војна на терористите, изјави Никола Саркози.

Судирите во Сирија се Трета светска војна. Сите терористи мора да бидат уништени. Тоа, го рече поранешниот француски претседател Никола Саркози за време на посетата на Обединетите Арапски Емирати / ОАЕ /. Последните напади во Париз, во кои загинаа 130 лица докажуваат дека не треба да има никаков компромис во однос на терористите, рече уште тој. “Веднаш треба да им објавиме тотална војна на терористите и да ги избришеме од лицето на земјата овие дивјаци”, рече Саркози пред преполната сала. ОАЕ се клучен играч во поддршката на противниците на Исламската држава. Франција пак е најстариот активен учесник во меѓународната коалиција предводена од САД, која врши воздушни напади против позициите на Исламската држава во Сирија и Ирак.