Саша Броз: Дедо ми да е жив сам ќе ја тргнеше плочата од плоштадот во Загреб

од desk3
328 прегледи

Внуката не некогашниот доживотен претседател на поранешната СФРЈ, Јосип Броз  Тито, Саша Броз, порача дека доколу нејзиниот дедо е жив и кога би го видел се ова шт0 се случува во врска со преименувњето на плоштадот во Загреб кој го носи неговото има – самиот би ја отстранил плочата. Саша Броз на својот фб им порача  на граѓаните дека се извинува, како што наведе поради “медиумскиот терор кој сите заедно го трпат поради најважната споредна работа на сетот  – а тоа не е фудбал”. 

Откако попушти под притисокот на десницата, градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ најави дека на правата наредна градска седница ќе предложи плоштадот Маршал Тито, да се преименува во Плоштад на Република Хрватска. Неговата најава ја разбранува хрватската политичка сцена, а на новонастанатата ситуација реагираше и внуката на Јосип Броз Тито, Саша Броз.  Таа наведе дека и е многу жал што хрватската метропола се занимава со такви работи а го занемарува квалитетот на животот на своите граѓани.

“Kако прво, драги пријатели, сакам на сите да им се извинам бидејќи оние кои ги избравме не се занимаваат со ВАС/НАС туку со човекот кој е мртов веќе 37 годинаи. Искрено ми е жал што е очигледно дека квалитетот на животот во метрополата е помалку битен од името на еден плоштад. Би сакала сите вас да ве утешам и да ви кажам – ајде фала богу, симнете го и оваа  тема ќе биде ставена ад акта. Се извинувам  бидејќи знам дека нема. За жал лоботомија на луѓето  не можеш да им  направиш со забрани, и селење на плоштадчиња бидејќи ѓаволот се гледа и жолто и црно и црвено и зелено”, наведе Саша Броз.

Внуката на Броз истакна дека луѓето знаат како се вика тој плоштад и зошто.

“Оние носталгичните можат, да гп фатат патот под нозете и да прошетаат по некои од братските плоштади и улици во соседството или да отидат подалеку до Кипар, или уште подалеку до Моска или многу многу поделеку до  Индија. Тито одите во Историјата?!? Оууууу јеееех, одамна уште дебело за својот живот и таму ќе остане сигурен од некакви си плоштадчињ”, неведе Саша Броз.

Уверува дека доколку нејзиникот дедо е жив и  ја види Хрватска денес, сам би ја симнал плочата со своето има од плоштадот – и тоа одмана.
“На крајот им се извинувам и поради невидениот медиумски терот кои сите заедно го трпиме поради најважната споредна работа на сбвсетот – а тоа не е фудбал. А сега … ајде сите да работиме”!!!!, напиша Саша Броз на својот ФБ профил.