Саша Ковачевиќ уапсен на аеродромот во Њујорк: Ова се деталите

362 прегледи

Популарниот пејач Саша Ковачевиќ со својот брат Раде и својата екипа се упатил кон Домениканска Република за да сними спот.

Меѓутоа, Ковачевиќ, наводно, е приведен на аеродромот во Њујорк, па летот за Домениканска Република му пропаднал.

„Саша на аеродромот во Њујорк го уапси полиција. Дојде до некаква забуна, па го отстранија од редовниот лет и го однесоа во посебна просторија и го задржаа неколку часа, точно за да му пропадне летот – рекол извор, пренесуваат српските медиуми.

– Воопшто не му беше сеедно. Ги прашал зошто го држат и проверуваат, а одговорот бил дека тоа е рутински дел од контролата и дека се заострени безбедносните мерки. Набргу, полицијата му ги врати документите и соопшти дека е се во ред и дека можат да го продолжат патувањето – додал изворот.

Ковачевиќ бил вознемирен и нервозен, бидејќи поради грешка на аеродромската полиција тој доцнел на снимањето.

– Полуде, тој е перфекционист. Не сака да доцни и е многу одговорен. Мораше да купи нови карти, што ги зголеми трошоците на снимањето – тврди изворот.

Слични содржини