Саша Ковачевиќ излезе од болница

од Stefanija Kuzmanovska
352 прегледи

Пејачот Саша Ковачевиќ е пуштен од болница, пренесе „Нова.рс“.

Тој во саботата итно беше примен во Ургентниот центар на Белград. Сега замина дома, но со препорака да се јави за неколку дена.

Неговата здравствена состојба се уште не е најдобра и бара следење.

„Саша повеќе не е во болница. Тој отиде дома со совет од лекар. Тој е фино и културно момче, сите имаат само пофални зборови, а и самиот призна дека не се грижи доволно за себе. Веруваме дека се ќе биде во најдобар ред и дека ќе се стави себеси на прво место“, изјави за „Курир.рс“ пријател на Саша.

Слични содржини