Александар Шуковски ќе го замени Сашо Дранго како заменик директор во „Македонија пат“. Информацијата на социјалните мрежи ја сподели новиот заменик директор.
„Денес е мојот прв работен ден на позицијата, В.Д. заменик Генерален Директор на Јавното Претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта (Македонија Пат). Голема благодарност до Претседателот на Владата, Г-дин. Проф.д-р Христијан Мицкоски, членовите на владата и членовите на управниот одбор на институцијата за дадената доверба. Дадената доверба е голема обврска но и одговорност, затоа можам да ветам, дека напорно ќе работам за да ја оправдам довербата која ми е дадена“, напиша Шуковски на својот Фејсбук профил.
За Сашо Дранго имаше бурни реакции во јавноста откако тој на социјалните мрежи објави фотографија на која држи пушка покрај мртва мечка. Како што тогаш тврдеше, тој не ја застрелал мечката, туку таа била жртва на сообраќајна несреќа.