Сателит не поголем од микробранова печка успешно ја напушти орбитата на Земјата и се упати кон Месечината, што е најновиот чекор во планот на НАСА повторно да слета астронаути на површината на Месечината. Компанијата Roket Lab (Rocket) го лансираше сателитот Capstone пред шест дена од полуостровот Махиа во Нов Зеланд во една од своите мали ракети, а ќе бидат потребни четири месеци за да стигне до Месечината.
Основачот на компанијата, Питер Бек, рече дека зборовите не можат да ја опишат неговата возбуда за проектот.
„Тоа беше проект за кој ни беа потребни две, две и пол години и е неверојатно, неверојатно тешко да се изведе“, рече тој.
Ако остатокот од мисијата оди добро, сателитот ќе испраќа важни информации за неколку месеци кога ќе оди во нова орбита околу Месечината, наречена праволиниска орбита, во која ниту еден сателит досега не бил.
На крајот, НАСА планира да постави вселенска станица наречена Gateway во орбитата, од која астронаутите ќе можат да слетаат на површината на Месечината како дел од програмата Артемис.