Сателит открива каде Северна Кореја чува нуклеарно оружје? Се појавија нови снимки

од Stefanija Kuzmanovska
328 прегледи

Нова сателитска снимка до која дојде Си-ен-ен, наводно открива дека Северна Кореја презела мерки за да сокрие објект за кој американската разузнавачка служба верува дека служи како магацин за нуклеарно оружје.

Сателитската фотографија е направена на 11 февруари, а ја анализирале експерти од Институтот Мидлбери во државата Вернмонт.

Експертите велат дека Северна Кореја изградила нови структури во Јонгдоктонг во 2020 година, а истражувачите велат дека е направена со намера да се сокријат влезовите во тунелите што водат до складиштето за нуклеарно оружје.

„Фотографиите ги прикажуваат двата влеза на тунелот во 2019 година и новата зграда на таа локација во 2021 година“, рече Џефри Луис, професор по меѓународни студии и специјалист за разузнавање.

Јонгдоктонг претходно беше обележана од американската разузнавачка служба како место каде се чува нуклеарно оружје и се верува дека сè уште се користи за таа цел, изјави неименуван американски разузнавач за Си-Ен-Ен.

Слични содржини