Сателитски ФОТОГРАФИИ покажуваат дека Русите крадат жито од Украина

од Nikola Popovski
208 прегледи

Се појавија сателитски фотографии од полуостровот Крим, на кои се гледа како на руски бродови наводно се товари украдено жито од Украина.

Фотографиите се направени од сателитската компанија „Maxar Technologies“, а се вели дека се направени на 19-ти и 21-ви мај.

На нив се гледаат два руски транспортни брода, „Матрос Позинич“ и „Матрос Кошка“, закотвени во пристаништето Севастопол, лоцирано на анектираниот полуостров Крим.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денес од Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, ја обвини Русија дека ги користи резервите на храна како оружје.

„Во Украина окупирана од Русија, армијата ги запленува резервите на жито. Руските воени бродови во Црното Море ги блокираат украинските бродови полни со пченица и семки од сончоглед“, рече Фон дер Лајен.