Сателитски снимки од Буча покажуваат масовна гробница, Русија негира дека убивала цивили

од Vladimir Zorba
232 прегледи

Сателитски снимки од украинскиот град Буча, наводно, покажуваат ров долг 13 метри ископан на црковно земјиште за кое се верува дека е масовна гробница за убиени цивили.

Снимката снимена од американската компанија Maxar Technologies на 31 март покажува знаци на ископувања на просторот на црквата во Буча, соопшти компанијата.

Новинарите на Ројтерс кои го посетија Буча во саботата рекоа дека забележале масовна гробница во близина на црквата, тврдејќи дека виделе раце и нозе како ја пробиваат земјата.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека снимките од загинатите цивили во Буча биле „нарачани“ од САД како дел од заговорот против Русија.

-Кои се мајсторите за провокација? Се разбира, САД и НАТО, изјави портпаролката на министерството Марија Захарова во интервју за државната телевизија доцна во неделата, пренесе Ројтерс.

Слични содржини