Саудијците го запреа процесот на нормализирање на односите со Израел

од Nikola Popovski
231 прегледи

Саудиска Арабија ги прекина разговорите за потенцијална нормализација на односите со Израел, изјавија саудиски дипломатски извори за „ДПА“.

Монархијата ги прекина разговорите со посредство на САД за нормализација на односите со Израел поради гранатирањето на појасот Газа, потврдија извори додека американскиот државен секретар Антони Блинкен е во Саудиска Арабија.

Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман минатиот месец потврди дека двете земји се движат кон нормализација на односите.

„Секој ден се приближуваме“, рече тој во интервју за „Фокс њуз3, опишувајќи ги разговорите како сериозни за прв пат.

Во петокот, Ријад го критикуваше „присилното преселување на палестинскиот народ од Газа“ и го осуди, како што го нарече, „континуираното таргетирање на разоткриените цивили“.

Саудиските власти реагираа откако израелската армија им нареди на жителите на северот на Газа да ги напуштат своите домови и да се упатат кон јужниот дел на енклавата, што предизвика стравувања дека може да следи копнена офанзива.

До пред две години Египет и Јордан беа единствените арапски држави со дипломатски односи со Израел.

Преку американско посредство, Израел воспостави односи со Обединетите Арапски Емирати и Бахреин, Мароко и Судан од 2020 година.

Фото: Getty

Слични содржини