Саудиска Арабија ослободи две активистки за женските права

од Stefanija Kuzmanovska
394 прегледи

Саудиска Арабија ослободи две истакнати активисти за женските права кои се во затвор од 2018 година, соопшти Центарот за човекови права во Персискиот залив.

Самар Бадави и Насима ал-Садах сега се надвор од притвор, но нивните движења и активности остануваат строго ограничени. Не им е дозволено да го напуштат кралството, да објавуваат на социјалните мрежи или да прифаќаат каква било работа, пренесува „Хина“.

Ал-Садах работеше како новинар за интернет весникот „Јухаина“. Таа беше уапсена во 2018 година под обвинение за, меѓу другото, комуникација со групи во странство кои се непријателски расположени кон Саудиска Арабија.

Бадави привлече внимание кога го доведе во прашање машкиот систем на старателство со поднесување тужба против нејзиниот татко во 2010 година, што доведе до нејзино привремено апсење.

Подоцна ги тужеше властите за одбивање на апликацијата за возачка дозвола. Кога во 2018 година беше укината забраната за возење, безбедносните сили повторно ја уапсија.

Слични содржини