Саудискиот министер за надворешни работи Адел ал Џубејр предвиде денес неуспех на напорите на Русија да го спаси сирискиот претседател Башар Асад, пренесоа Франс прес.

0000292963-article2

Сирија се обрати за помош кон Русија, која ќе пропадне во напорите да се спаси Башар Асад, прогнозира дипломатот на прес-конференција во Ријад.

Саудиска Арабија ги поддржува противниците на режимот на Асад. Министерот за надворешни работи на монархијата рече дека е невозможно Асад, кој е одговорен за смртта на 300 000 невини луѓе, за раселување на 12 милиони луѓе и за уништување на својата земја, да остане на власт.

“Се моли Путин да дигне телефон за да заврши војната во Сирија”

“Повлекувањето на Асад е прашање на време и порано или подоцна неговиот режим ќе падне и ќе се борат за градење на една нова Сирија без Башар Асад”, изјави министерот за надворешни работи.

Слични содржини