На крајот на минатата година германското разузнавање БНД објавува вонреден документ од страница и половина, во кој се вели дека Саудиска Арабија има усвоено “импулсивна политика на интервенција”. Тој го отсликува саудискиот министер за одбрана и втор во линијата за прземање на тронот Мохамед бин Салман – најмоќниот 29-годишен омилен син на стариот крал Салман, кој страда од деменција – како политички коцкар кој го дестабилизира арапскиот свет преку локалните војни во Јемен и Сирија.

Шпионските агенции обично не искажуваат слични експлозивни политички документи пред печатот во кои се критикува раководството на близок и моќен сојузник како Саудиска Арабија. Во случајот станува збор за загриженоста на БНД, зошто документот мора биде објавен и нашироко познат. Агенцијата брзо го ишамари германското Министерство за надворешни работи по официјалните саудиски протести, но предупредувањето на БНД е знак за растечките стравувања дека Саудиска Арабија стана непредвидлив џокер.
Еден поранешен министер од Блискиот Исток, кој сакаше да остане анонимен, рече: “Во минатото Саудијците обично се обидуваа да ги задржат своите можности и беа претпазливи, дури и кога тие се обидуваа да се ослободат од некои влади кои не им се допаѓаат.” Кога се појави, извештајот на БНД направи изненадувачки мал впечаток надвор од Германија. Ова можеби се должи, бидејќи објавувањето на документот на 2 декември беше три недели по крвопролевањето во Париз од 13 ноември, кога владите и медиуми низ целиот свет беа обземени од заканата од Исламската држава (ИД) и борбата против неа. Во Велика Британија имаше дебата дали борбената авијација да се приклучи на воздушната војна против ИД во Сирија, и набргу потоа во САД дојде до ликвидирање на исламска двојка во Сан Бернардино, Калифорнија. Егзекуцијата на шиитскиот свештеник шеикот Нимрим ал-Нимрим и 46 други – повеќето сунитски џихадисти или дисиденти – на 2 јануари беше чекорот, која за прв пат ги алармира владите за степенот до кој Саудиска Арабија стана закана за статус кво состојбата.
По стапките на Третиот Рајх: Фирма тргува со производи од човечка кожа
Излегува дека свесно го провоцира Иран во обид да биде преземено лидерството на сунитскиот арапски свет, додека во исто време принцот Мохамед бин Салман ја засилува моќта внатре во земјата и се свртува кон сунитскиот секташки национализам. Она што не подлежи на сомнеж е дека саудиската политика беше променета откако кралот Салман дојде на престолот во јануари минатата година по смртта на кралот Абдула. Од БНД ги посочија областите во кои Саудиска Арабија презема поагресивна и воинствена политика. Во Сирија, во почетокот на 2015 година, таа го поддржа создавањето на Армијата на освојувањето, главно составена од од филијалата на “Ал Каеда”- Фронтот Џабхат ан-Нусра и сличната идеолошки Ахрар ал-шам, која во серија ја победи сириската армија во провинцијата Идлиб. Во Јемен таа почна воздушна војна, насочена против движењето Хути и јеменската армија, која не покажува знаци за крај.
Меѓу оние кои добиваат, се “Ал Каеда на Арапскиот полуостров”, која со години САД се обидуваат безуспешно да ја ослабат со удари извршени од беспилотни авиони. Ниедно од овие надворешнополитички авантури иницирани од принцот Мохамед, не е ниту успешна ниту веројатно да стане таква, но тие му помогнаа да добие поддршка дома. БНД предупреди дека концентрирањето на толку многу моќ во неговите раце “содржи скриениот ризик за обид да го воспостави своето место во линијата за наследување на неговиот татко, тој не може да оди премногу далеку”.
Состојбата се влошува со секој изминат ден. На секоја фаза во конфронтација со Иран во текот на изминатата недела Ријад ги крева влоговите. Нападот врз амбасадата на Саудиска Арабија во Техеран и конзулатот во Машхад може и да не беше очекувано, но Саудијците не требаше да ги прекинат дипломатските односи. Потоа имаше воздушен напад, во кој Иранците тврдат дека се нанесени штети на нивната амбасада во Сана, главниот град на Јемен. Ништо од наведените инциденти дотука не беа многу изненадувачки: Саудисоа-иранските односи се на особено ниско ниво, откако 400 ирански аџии загинаа во памика во Мека минатата година.
Но, дури и во последните неколку дена има знаци дека саудиското водство намерно го зголемува степенот на тензиите во политиката со започнувањето на судскиот процес против четворица Иранци, под обвинение против нив за шпионажа и за тероризам. Четворицата се во затвор во Саудиска Арабија од 2013 или 2014 година, па нема причина да ги судат сега, освен за нанесување на дополнителен удар врз Иран. Саудиска Арабија се заложи за нешто од ваков вид на контранапад, со која сака да се смири светското мислење дека нема намера да влегува во војна со Иран. Принцот Мохамед изјави во интервју за списанието “Економист”:
“Војна меѓу Саудиска Арабија и Иран би била почетокот на голема катастрофа во регионот, и таа би се одразилеамногу сериозно на остатокот од светот. Дефинитивно не би дозволиле да дојде до такво нешто. “Интервјуто веројатно требаше да биде смирувачко за надворешниот свет, но наместо тоа создаде впечаток за наивност и ароганција. Постои и чувство дека принцот Мохамед е неискусен коцкар, кој најверојатно ќе ги удвои своите облози, кога неговите намери ќе пропаднат. Тоа е токму спротивното на претходните саудиските владетели, кои секогаш се посакувале, така да се каже, да се обложуваат на сите коњи. Главната причина за Саудиска Арабија да дејствува еднострано е нејзиното разочарување од постигнатиот од САД договор со Иран за нуклеарната програма на Техеран.
Тоа повторно изгледа наивно – Најблискиот сојузник САД е главната причина поради која саудиската монархија преживеа при националистичките и социјалистичките предизвици од 30-тите години на минатиот век досега. Надвор саудиските пари и блискиот сојуз со САД, лидерите на Блискиот Исток секогаш се сомневаат во доволно оперативниот капацитет на саудиската држава. Ова важи за сите големи производители на нафта, независно од нивниот идеолошки колорит. Искуството покажува дека огромното нафтено богатство охрабрува автократија, без разлика дали е во Саудиска Арабија, Ирак, Либија или Кувајт, но тоа исто така создава држави кои се послаби отколку што изгледаат, со неспособни администрации и нефункционални армии. Тоа е втората област во која интервјуто на принцот Мохамед не влева ништо друго освен проблеми за саудиското кралско семејство. Тој нуди штедење и пазарни реформи во кралството, но во контекст на блискоисточните автократии и особено на нафтените држави тоа го нарушува неизговорениот општествен договор со општата популација. Луѓето може и да немаат политичка слобода, но тие добиваат дел од приходите од нафта преку државни работни места и субвенционирани гориво, храна, сместување и други бенефиции. Голема приватизација и наводна зависноста од пазарот, без отчетност или фер судство, значи лиценца за разграбување од страна на оние со политичка моќ. Тоа беше една од причините за востанието во 2011 година против Башар Асад во Сирија и Моамер Гадафи во Либија. Т.н. реформи кои направија тешка, но ефикасна машина на разграбување само от елитата. Речиси невозможно е нафтените држави да бидат реформирани и обично не е разумно тоа да се прави. Таквите држави исто така сакаат да се избегне војната за да останат во бизнисот, бидејќи луѓето може и да не се кренат против власта, но сигурно не се подготвени да умрат за неа.