Саудискиот принц го одби најбогатиот човек на светот за Twitter

од Vladimir Zorba

Милијардерот и основач на компанијата Tesla, Елон Маск, сака да купи 91 отсто од акциите на Twitter и е подготвен да плати повеќе од 41 милијарда долари. Сепак, како што самиот изјави во петокот, не е сигурен дали неговата понуда ќе биде прифатена.
Саудискиот принц Алвалид бин Талал (67), главниот акционер во овој технолошки гигант, е човекот кој ќе ја донесе одлуката.

Членот на кралското семејство на Саудиска Арабија ја одбил првичната понуда на Маск во износ од 41,4 милијарди долари или 54,20 долари по акција.

Сепак, саудискиот принц навести дека ќе биде „отворен за идејата Маск да ја преземе контролата врз twitter, доколку може да собере повеќе средства“.

„Не верувам дека предложениот износ од 54,20 долари по акција е блиску до суштинската вредност на Twitter, со оглед на неговите изгледи за раст. Бидејќи сме еден од најголемите и долгорочни акционери на Twitter, Kingdom Holding Company (фирмата преку која принцот ги врши своите работи) и јас, ја одбиваме оваа понуда“, напиша Бин Талал на Твитер.

Милијардерот, кој тврди дека има „план Б“ доколку неговата првична понуда не биде прифатена, веднаш одговори на твитот на принцот.

„Интересно. Ако можам да поставам две прашања. Колку од Twitter има „Kingdom“, директно и индиректно? Какви се ставовите за слободата на говор на новинарите?“, напиша Маск.

Основачот на Tesla и најбогатиот човек на светот смета дека Twitter треба да биде поотворен и потранспарентен и дека „многу е важно да постои инклузивна арена за слобода на говорот“.

Во официјалното поднесување до американските регулатори, Маск рече дека тој е вистинската личност да го „отклучи извонредниот потенцијал на компанијата“.

Слични содржини