211
Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман ја прими првата доза на вакцина КОВИД-19, како дел од националниот план за вакцинација против вирусот, спроведен од Министерството за здравство.
„Сакам да му се заблагодарам на принцот престолонаследник за соработката и напорите да се обезбеди вакцинација за граѓаните на кралството“, рече саудискиот министер за здравство, др. Тавфиг бин Фавзан Ал-Рабија“, објави во петокот саудиската државна новинска агенција СПА.