Саутгејт потресен од поразот: Најмногу ме разочара…

од Nikola Popovski
2,8K прегледи

Англиската фудбалска репрезентација беше поразена на последниот подготвителен натпревар на Вембли со 1:0 од Исланд, а избраниците на Герет Саутгејт со свирежи беа испратени на Европското првенство кое за шест дена започнува во Германија.

По лошиот настап на неговиот тим, англискиот селектор изјави дека ја разбира реакцијата на навивачите и се надева дека тоа ќе им помогне на неговите играчи да се фокусираат на она што ги чека на ЕП.

Тимот на Саутгејт навистина изгледаше безопасно во нападот и порозно во одбраната, што Јон Дагур Торштајнсон го искористи и им донесе на исландската репрезентација која не се пласираше на ЕП и на нејзините навивачи нова незаборавна победа над Англичаните.

-Јасно е дека настапот не беше на нивото на кое требаше да биде. Мислам дека има многу јасни причини за тоа, и тоа всушност ни дава шанса навистина да се фокусираме, бидејќи овие последни натпревари пред турнирот може да го нарушат тоа, со оглед играчите беа загрижени за изборот и не сакаат да се повредат, изјавил селекторот на Англија.

-Ова беше далеку од идеална ноќ. Нема да го кријам моето разочарување од овој настап. Најмногу ме разочара делот од играта без посед, бидејќи не го притиснавме добро противникот. Бевме премногу оддалечени. Во последните два или три натпревари бевме одлични во тоа, така што тоа е делот што навистина треба да го исправиме. Можевме да бидеме подобри со топката, но сепак создадовме многу, многу добри шанси, анализирал Саутгејт.

-Исто така, мора да останеме смирени бидејќи знаеме што треба да поправиме и на тоа ќе работиме од сега до мечот со Србија, порачал англискиот селектор, чиј тим ќе го има првиот настап на ЕП на 16 јуни во Гелзенкирхен против репрезентацијата на нашиот северен сосед.

Покрај Србија, Англичаните во групата Ц ќе играат и со Данска (20 јуни) и Словенија (25 јуни).