Science: Кои се најверојатните сценарија за загинувањето на човештвото?

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Жртвите можат да бидат минимизирани, ако претходно се преземат потребните мерки.

20160717.bdhdjnbhbm

Група истражувачи од САД навеле максимално реални верзии за пропаст на човековата цивилизација, пишува списанието Science. “Крајот на светот”, како што посочуваат научниците, може да се случи поради три причини: ерупција на супервулкан, прекумерна сончева активност и судир со астероид.

Според првото сценарио – ерупција на супервулкан – континентите ќе се покријат со метарски слој пепел, земјата нема да биде обработлива, ќе бидат пополнети изворите на вода и загадени водоводните мрежи, ќе бидат бомбардирани патишта и железнички линии.

Втората верзија е поврзана со активноста на Сонцето. Човештвото може да биде загрозено од моќен проток високоенергетски честички предизвикани од коронарни празнења на маса од Сонцето. Според научниците, овој астрономски феномен ќе ја урне електрониката и комуникација, ќе предизвика исклучување на електричната енергија и потопување во темнина на цели континенти.

Третото сценарио – судир со астероид – исто така претставува огромна опасност. Според пресметки судирот на Земјата на космичко тело со дијаметар од еден километар ќе предизвика правливи облаци кои ќе прикријат планетата и сончева светлина за неколку месеци не ќе допира до нејзината површина.

Жртвите од наведените катаклизми можат да бидат минимизирани, ако претходно се преземат потребните мерки, даваат надеж научниците.