СДММ поднесува измени на Закон за субвенциониран студентски оброк

од Vladimir Zorba
392 прегледи

„Водејќи се од интересот на студентите, Социјалдемократската младина на Македонија поднесe Иницијатива за измена на Законот за субвенциониран студентски оброк, до Собранието на Република Северна Македонија“, соопшти денеска Никола Јакимовски, потпретседател на СДММ.

„Со пандемијата предизвикана од КОВИД-19 и рестриктивните мерки кои се во сила, студентите не се во можност да посетуваат угостителски објекти каде би го оствариле правото на здрав субвенциониран оброк. Исто така најголем број од студентите наставата ја следат онлајн, од своето место на живеење каде што бројот на угостителски објекти кој нуди студентски оброк е ограничен или воопшто не постои објект кој би можел да понуди студентски оброк во согласност со иницијално замислената идеја на Законот.

Затоа, со овие Законски измени, нема да се ограничува користењето на правото на субвенциониран оброк само кај угостителски објекти, туку ќе се овозможи корисниците на субвенционирниот оброк да можат да го остварат правото секаде, кај секој трговец. Со тоа ќе се даде поголем избор на продукти на студентите, но и ќе се зголеми искористеноста на средствата со што ќе се амортизираат и последиците од кризата со која се соочуваме“, истакна Јакимовски.

Слични содржини