СДММ со фотографија од студентски ручек “го поздравија” Груевски

од desk3
83 прегледи

Никола Груевски нема повеќе што да ветува. Неговото време заврши.

Залудни му се најавите за нови терени за баскет! Младите му одиграа ефикасна кошарка и му ги разобличија неговите намери.

Stiv Naumov (2)

Иронија е Груевски сега да ветува инвестирање во иднината. Токму тој, инвестираше во најголемиот младински егзодус. Родителите преку Skype ги гледаат своите деца, затоа што 10 години инвестираше во врби, фасади и во богатење на фамилијата.

За читалните на Груевски ќе порачаме само едно: Никола, прочитан си од младите!

Додека Никола Груевски се расфрла со ветувања и од немај-каде ветува брда и долини, испраќаме слика од ручекот студентите во студентскиот дом Стив Наумов.

СДММ се залага за вистински, а не виртуелни проекти за млади.

После смената на власта ќе има и нови читални, библиотеки и студентски домови. Се обврзуваме веднаш да ги подобриме условите за млади.

Да, младите за Македонија!

Но, за Македонија без Груевски и ВМРО –ДПМНЕ.

За Македонија со студентски кампус, младинска гаранција, грантови за поддршка на млади!