СДСМ:Арсовска стопира важни проекти за скопјани, Универзалната сала стои недовршена

од Берта Китинска
181 прегледи

За време на овој период Арсовска не само што не реализира ниту еден конкретен проект од нејзината програма, таа се што прави е стопирање проекти и партизација на Град Скопје, реагираат од СДСМ.

-Универзалната сала стои недовршена. За овој важен проект за скопјани, Владата предводена од СДСМ обезбеди речиси 2 милиони евра. Но и покрај обезбедените средства и склучениот договор со изведувачот, Арсовска повеќе од три месеци ја стопира реализацијата на овој проект.Арсовска го прекина Бас Рапид транзит, одби 70 милиони евра од Европската банка за обнова и развој, а потоа бараше пари од Владата за да му се помогне на ЈСП, велат од СДСМ.

Оттаму додаваат дека Арсовска не сакала да даде пари за да се субвенционира парното, а обезбедила 670.000 евра за 109 партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ во градската администрација.

-Нема нови 250 автобуси на градските улици. Во Буџетот за 2022 не се обезбедени пари за набавка на нови еколошки автобуси, туку ЈСП пушта во употреба стари автобуси, претходно повлечени од употреба.Ова е учинокот на Арсовска, нема ништо за граѓаните, ништо за развојот на градот, само деструктивни потези на штета на граѓаните, посочуваат од партијата.