СДСМ бара одговорност за смртта на новороденчето: Трагедита мора да се разјасни

од Илинка Илиоска
59 прегледи

Со загриженост ја следиме трагичната смрт на 14-месечното новороденче на Клиниката за детски болести, изјавија од СДСМ во соопштение, барајќи итна реакција од Министерството за здравство и останатите надлежни институции. „Министерството за здравство и сите надлежни институции итно да ги преземат сите неопходни мерки за да се утврдат причините за овој трагичен настан за кој мора да има одговорност,“ се наведува во соопштението.

СДСМ истакнува дека информациите за одбивањето на бебето да биде хоспитализирано се „крајно загрижувачки,“ особено бидејќи ова е втор ваков случај за само една недела во здравствените установи. Партијата бара „подлабока анализа и целосна транспарентност во процесот на утврдување на одговорноста,“ истакнувајќи дека јавноста заслужува да знае каде се направени пропустите.

„Здравјето на мајките и новороденчињата мора да биде императив за секој здравствен систем,“ изјавија од СДСМ, нагласувајќи дека нивните политики помогнале да се намали смртноста кај новороденчињата. Според партијата, неонаталната смртност е намалена за пет пати од 2015 година до 2022 година, додека перинаталната смртност, во споредба со времето на ДПМНЕ, е намалена од 12.8% на 6.9%.

СДСМ дополнително потенцира дека во изминатите седум години инвестирале во нова опрема, инкубатори, респираторни машини и стручен кадар. „Набавивме морени инкубатори, како и повеќе современи апарати и опрема за подобра здравствена заштита на мајките и новороденчињата,“ посочуваат од партијата.

Од СДСМ апелираат до здравствените власти да преземат соодветни мерки за да се спречи понатамошно зголемување на смртноста кај новороденчињата, нагласувајќи дека здравјето на најмладите и нивните мајки треба да остане врвен приоритет.

Слични содржини